Наоѓањето љубов во дигиталната ера никогаш не било полесно но ниту покомплицирано. Големите апликации за состаноци како „Tinder“, „Hinge“ и „Bumble“ сè повеќе се потпираат на вештачка интелигенција со цел да им помогнат на корисниците да најдат соодветен партнер.
Новите AI алатки веќе овозможуваат препораки засновани на однесувањето и интересите на корисниците, создавање на подобри профили, па дури и сугестии за првите пораки или теми за разговор. Компаниите тврдат дека ова ќе ја направи потрагата по љубов поефикасна и поприродна, намалувајќи го времето поминато во бесконечно „свајпување“ на профили.
Но, критичарите предупредуваат дека прекумерната зависност од алгоритми може да ја потисне автентичноста и спонтаноста во човечките односи. Според нив, технологијата може да ги претвори емоциите во податоци, а љубовта во пресметка.
Додека едни ја гледаат вештачката интелигенција како нов сојузник на романтиката, други стравуваат дека таа ќе ја замени искрената поврзаност со дигитално програмирани избори. Одговорот на прашањето дали AI ќе ги направи состаноците подобри или полоши, засега останува отворен.
Извор: Economist
