KiVa метод: Да се спречи врсничкото насилство

Дури 90 отсто од училиштата во Финска го применуваат овој модел. KiVa методот го користат и училишта од Белгија, Шведска, Естонија, Обединето Кралство, Нов Зеланд и Шпанија, со што се докажува неговата ефикасност.

KiVa методот е иновативен фински модел заснован. Базиран е на истражувања и докази собрани при анализи за тоа како да се спречи агресијата, а со тоа и малтретирањето во и надвор од училиштата.

Го поттикнува личниот развој и желбата за учење, а во исто време преку различни алатки го оневозможува мобингот. Покрај другото со оваа метода се следат и развојните фази на самата личност.

Вклучува план кој е наменет за сите ученици кои се соочуваат со малтретирање и низа активности кои треба да се преземат кога ќе се забележи случај во кој веќе има дете кое претрпува одреден вид на вознемирување.

Што е KiVa методот?

Тоа е фински модел кој се бори против малтретирањето, го промовира доброто однесување како и важноста на образованието. Насочена е не само да изгради најдобар образовен систем туку и да создаде најдобар систем против мобингот.

КиВа доаѓа од финскиот збор „Kiusaamista Vastaan“ што значи против малтретирањето. Методот е создаден на Универзитетот во Тurkuu во 2007 година, а е во реализација на експерти од таа област и финското Министерство за образование и култура.

Дури 90 отсто од училиштата во Финска го применуваат овој модел. Поради позитивните резултати тој веќе зазема се поголема примена. КиВа методот го користат и училишта од Белгија, Шведска, Естонија, Обединето Кралство, Нов Зеланд и Шпанија, со што се докажува неговата ефикасност.

KiVa методот е докажан со бројни научни истражувања, а неговите резултати исто така се оценуваат. Според тоа, експертите кои го користат овој модел мораат да бидат обучени за истиот.

Оваа програма се фокусира на намалување, спречување и контрола на агресијата меѓу ученици од било која возраст, вклучувајќи ја и комуникацијата преку интернет. Се фокусира првенствено на сведоци и набљудувачи и тоа е клучниот аспект од програмата, а не исклучиво на жртвата или жртвите.

„KiVa се обидува да ги промени правилата што владеат во групата. Во групата се и оние кои не малтретираат, или само набљудуваат и се сведоци или пак, само се смеат од страна. Преку нивните реакции тие испраќаат порака дека тоа што го гледаат е забавно или добро, иако имаат друго мислење“, смета Кристина Салмивали, професорка по психологија и една од креаторите на програмата.

Целта е групата да види дека вознемирувањето не е забавно, дека не треба да се толерира, дека не треба да се гледа како на детски работи и дека не е неопходно да се стекнува пасивен и неутрален став.

Групата треба да учествува со тоа што ќе влијае да се спречи вознемирувањето давајќи на знаење дека не го поддржува таквото однесување. Групата треба да обезбеди поддршка и заштита на жртвата, покажувајќи и дека не е сама.

Содржина на програмата

Програмата се состои од три дела:

За возраст од 6 до 9 години
За возраст од 10 до 12 години
За преминот во средно образование, но овој дел е достапен само во Финска

Има посебни материјали како за наставниците така и за учениците и родителите. Се состои од 10 часови и задачи кои се изведуваат во текот на курсот, а во рамките на кои учениците посетуваат настава, дебатираат и извршуваат активности и групна работа за почитување на другите.

Учениците учат како да го подобрат соживотот и да стекнат знаења за различни видови вознемирување, заедно со лекции за почит и емпатија, учат преку материјали за поддршка, аудиовизуелни материјали и видео игри. Покрај тоа, има и виртуелно поштенско сандаче, кое е наменето за оние кои не сакаат да ја претстават својата ситуација пред своите врсници. Преку него, децата можат да кажат дека се жртви или да пријават ситуации на кои биле сведоци. Има и рекреативци, односно ученици кои носат рефлектирачки елеци, за да ја подигнат свеста и да запомнат дека и тие се одговорни за безбедноста на сите.

Од друга страна, секое училиште има тим од тројца професионалци кои реагираат веднаш штом дознаат за ситуација на физичко, психичко или онлајн малтретирање.

„Прво делуваат како филтер, препознаваат дали е систематско вознемирување. Потоа се среќаваат со жртвата за поддршка и помош. Тие разговараат и со вознемирувачите за да бидат свесни за нивните постапки и да ги променат“, објасни Салмивали.

Финска се смета за една од најиновативните земји во Европа и земја со еден од најдобрите образовни системи во светот, според извештаите на ПИСА.

Докази за ефикасноста на методата

Една студија проценува дека методот KiVa го намалува малтретирањето и виктимизацијата и ја зголемува мотивацијата, академските достигнувања, перцепциите за позитивна клима во групата, како и намалувањето на анксиозноста и депресијата. По интервенцијата, 98 отсто од жртвите изјавиле дека нивната состојба е подобрена.

Податоците од повеќе од 1.000 фински училишта покажале дека по првата година од спроведувањето на програмата, малтретирањето и вознемирувањето биле значително намалени.

Оваа програма ја освои Европската награда за спречување на криминалот (2009), наградата за најдобра социјална политика (2012) и Националните награди во 2008, 2010, 2011 и 2012 година.

Извор: lifepersona.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни