Кит на Олимписките игри го прекина натпреварот во сурфање со својот настап

Фото: Whit Welles (CC BY 3.0)

Во Француска Полинезија, на Тахитите, во рамките на Олимписките игри се одржува натпреаврот во сурфање кое беше прекинато поради кит.

За време на полуфиналето во женска конкуренција, помеѓу Бразилката Татјане Вестон Веб и Брис Хенеси од Коста Рика во позадина се појави кит.

Пред камерите китот изведуваше необични трикови и после неколку минути повторно излезе од длабочината.

Ваквата појава не е невообичаена за време на натпреварите во сурфање, каде што често се појавуваат китови и фоки, а понекогаш и ајкули.

Во 2015 година ајкула го нападна австралискиот натпреварувач Мик Фенинг, трикратен светски шампион во сурфање, кој успеа да ја удри ајкулата и да избега неповреден.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни