Разочараните жители велат дека не можат да ги отворат прозорците од непријатната миризба што се шири низ улиците. „Секоја вечер е исто. Контејнерите се празнат нередовно, а ние сме тие што живееме во оваа срамна глетка“, коментираат граѓани од населбата.

Фотографиите од терен сведочат за драстичното загадување на јавниот простор и алармираат за итна реакција на надлежните.