Кисела Вода го доби најголемиот парк на шахот во Македонија

На просторот кој до неодамна беше дива депонија, сега жителите на општината добија за себе катче со современа урбана опрема, хортикултурно и партерно уредување, а во центарот на паркот се поставени статуетки-шаховски фигури, крал и кралица.

Нов модерен парк добија жителите на општина Кисела Вода. “Паркот на шахот”, лоциран во населбата 11 Октомври Бараки, се протега на 4000 м2.

На просторот кој до неодамна беше дива депонија, сега жителите на општината добија за себе катче со современа урбана опрема, хортикултурно и партерно уредување, а во центарот на паркот се поставени статуетки-шаховски фигури, крал и кралица.

Воедно, за шахистите и љубителите на шахот ќе има маси со шаховски табли, информираат од општината.

-Со особено задоволство денес го отвораме новиот модерен „Парк на шахот“ во населбата 11 Октомври Бараки, кој се простира на површина од 4000 м². Наместo дивата депонија која тука постоеше, сега жителите на нашата општина добија прекрасно уредено катче, опремено со современа урбана опрема, хортикултурно уредување и шаховски маси, каде што љубителите на шахот ќе можат да уживаат во оваа интелектуална игра. Во самиот центар на паркот се поставени и шаховски статуетки на кралот и кралицата, симболизирајќи го значењето на шахот како игра која го поттикнува умот и развива стратегиско размислување – изјави градоначалникот.

Посебна благодарност упати до Шаховската федерација на Македонија и нејзиниот претседател, Саша Богдановиќ, за севкупната поддршка при реализацијата на овој проект.

-Ова партнерство е пример за тоа како заедно можеме да создадеме нешто вредно и трајно, нешто што ќе го збогати секојдневието на нашите граѓани.Шахот, како игра на стратегија и размислување, носи многубројни придобивки – ги развива когнитивните способности, го зголемува фокусот и ги стимулира аналитичките вештини. Силно верувам дека ова ќе биде место за дружење, рекреација и опуштање за сите генерации, посебно шахистите и љубителите на шахот, кои сега ќе можат да уживаат во масите со шаховски табли, поставени специјално за нив. Ова е уште еден пример за тоа како може да се трансформира едно некогаш запоставено место во простор за релаксација, дружење и забава, и сакам да најавам дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина- велат од општината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни