Кирилицата доби нов фонт „Крушево“ – геометриски дизајн од Зоран Кардула, оживеан со мајсторството на Небојша Гелевски

По повод Денот на македонскиот јазик, дизајнерот и визуелен уметник Зоран Кардула ја сподели радосната вест за нов официјален кириличен фонт наречен „Крушево“. Фонтот е создаден од геометриски форми пред 13 години, а неодамна доби своја целосна форма благодарение на соработката со типографот Небојша Гелевски, кој го преработи и подготви за широка употреба.

„Македонскиот јазик не ми е мајчин, но е јазикот на кој се образував. Честит Ден на македонскиот јазик!“, напиша Кардула на своите социјални мрежи, честитајќи го празникот и објавувајќи линк за слободно симнување на фонтот.

„Крушево“ е модерен фонт со чисти линии и препознатлив геометриски стил, кој претставува визуелен омаж на македонската културна и типографска традиција.

Фонтот е достапен за сите заинтересирани и може да се симне на следниот линк:
👉 Преземи фонт „Крушево“

Ова е уште еден пример како уметноста и технологијата можат заедно да придонесат за зачувување и промовирање на македонскиот јазик и култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни