Кирил Кузманов, најдобар млад македонски џез музичар на Скопје џез фестивал

Наградата „Најдобар македонски џез-музичар“ на Кузманов ќе му биде врачена в четврток, во МКЦ, пред настапот на Next to Silence на 43. Skopje Jazz Festival.

Наградата што Скопскиот џез фестивал традиционално ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар (отсега без придавката „млад“), годинава ќе ја освои нашиот истакнат џез саксофонист и едукатор Кирил Кузманов.

По дипломирањето и магистрирањето со највисоки оценки на престижниот Универзитет за музика и изведувачки уметности во Грац, Кузманов се враќа во Македонија, каде што е еден од најактивните актери на џез-сцената.

Член е, а воедно и еден од основачите, на биг-бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници, денес познат како Национален џез оркестар. Учествува во снимањето на бројни албумски изданија на реномирани домашни и интернационални ансамбли. Во текот на својата кариера настапувал во некои од најпознатите џез клубови и концертни сали и подиуми во Европа, како Melkweg (Амстердам), Porgy & Bess (Виена), Fabrik (Хамбург), JazzKeller (Франкфурт), Moods (Цирих), Kino Šiška (Љубљана), Stadtgarten (Келн), Domicil (Дортмунд), Wienerkonzerthaus (Виена), Ampere (Минхен), StadtHalle (Грац), B-flat (Берлин), Global (Копенхаген) и други.

Тој е насловен вонреден професор по саксофон и џез ансамбл на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Наградата „Најдобар македонски џез-музичар“ на Кузманов ќе му биде врачена в четврток, во МКЦ, пред настапот на Next to Silence на 43. Skopje Jazz Festival.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни