Кир Стармер: Договорот со ЕУ ќе донесе девет милијарди фунти на британската економија

Британската влада соопшти дека договорот „ќе ја направи храната поевтина, ќе ја намали бирократијата и ќе овозможи пристап до пазарот на ЕУ“.

Важниот договор што го постигнаа Обединетото Кралство и Европската унија за укинување на проверките при извоз на храна ќе донесе девет милијарди фунти (10,7 милијарди евра) на британската економија и ќе ги намали цените на храната, објави денеска британскиот премиер Кир Стармер.

Првиот човек на британската влада изјави дека договорот, најавен како „историско свртување нова страница“, довел до ресетирање што го вети по победата на парламентарните избори минатиот јули, пренесе Гардијан.

„Договорот ќе им овозможи на рибарите од Европската унија пристап до британските води уште 12 години и ќе го отвори патот за укинување на проверките на извозот на храна од Британија, со што повторно ќе биде можно сè – од големиот британски хамбургер до школки – лесно да се продава во ЕУ“, рече Стармер.

Според него, договорот исто така дава надеж за враќање на Обединетото Кралство во програмата за универзитетска размена Еразмус и за создавање шема за мобилност која би им овозможила на младите луѓе да ја искусат ЕУ преку работа, учење, патување и слично.

Британската влада соопшти дека договорот „ќе ја направи храната поевтина, ќе ја намали бирократијата и ќе овозможи пристап до пазарот на ЕУ“.

Сепак, компромис за постигнување на договорот беше тоа што Европската унија доби дозвола за пристап до риболов во британските води уште 12 години – што е повеќе од она што првично го понуди Велика Британија, пренесе Танјуг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни