Новиот филм на американскиот режисер Џим Џармуш „Татко, мајка, сестра, брат“ од вечерва (9 февруари 2026) почнува да се прикажува во Кинотека на Македонија со проекции од 20 часот, објави УМНО.мк.
„Татко, мајка, сестра, брат“ е хумористична драмска приказна замислена како триптих што следи три различни, но тематски поврзани сегменти за односите меѓу возрасните деца и нивните родители и блиски, во современо време.
Филмот е напишан и режиран од Џим Џармуш, еден од најпознатите американски независни автори, кој во август 2025 година на 82. фестивал во Венеција ја освои главната награда Златен лав за најдобар филм со ова дело.
Во „Татко, мајка, сестра, брат“ глумат бројни светски актери меѓу кои Том Вејтс, Адам Драјвер, Мејим Бјалик, Шарлот Ремплинг, Кејт Бланшет, Вики Кријепс, Индија Мур и Лука Сабат.
Филмот реди три самостојни, но поврзани приказни поставени во различни локации, каде што ликовите се соочуваат со емотивното дистанцирање од семејството и сложените односи со блиските. Првиот дел се фокусира на посетата на возрасни деца на нивниот постар татко, вториот ги следи односите со мајката, а третата приказна ја истражува врската меѓу сестра и брат.
Филмот ќе се прикажува во Кинотека секоја вечер од 20 часот до 14 февруари, со исклучок на петок (13 февруари) кога проекцијата е од 18 часот.
