Кинотека на Македонија се сели на отворено во летното кино „Мирно лето“

Од први јуни стартува летната сезона на Кинотека на Македонија во летното кино „Мирно лето“, која започнува со репертоар од интересни филмови од домашна и странска продукција.

„Јуни, месец на липите. Месец на нивниот опоен мирис, кој се шири насекаде и не може да не се почуствува неговата миризба. Така некако со опојни квалитети ќе се одвива кино програмата во првиот месец на летото во Кинотеката, која како секое лето се сели на отворено во летното кино „Мирно лето“. Во програмскиот центар се пробија неколку содржини. Проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм претежно од седумдесеттите години на минатиот век, како и јубилејни проекции по повод стогодишнината од раѓањето на легендарниот и ненадминат американски актер Марлон Брандо“, велаѕт од Кинотека.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни