Кинотека на Македонија од септември со нови проекции  

По летните одмори, Кинотеката почнува со нови проекции за љубителите на филмот.

„Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број  на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда“, велат од Кинотека на Македонија.

Програмата ќе стартува со турско-македонската копродукција „Најтешкото нешто“, снимена по сценарио на Оливер Ромевски, а во режија на Сердар Акар. На ова се надоврзуваат играни, документарни, музички филмови кои го имаат префиксот, како и почетните – регионални копродукции.

Публиката во кинотеката ќе биде во можност да ги проследи играните филмови „Здрави и живи“, „Штркот“, како и нешто постариот „Караула“ во режија на филмскиот волк Рајко Грлиќ. На програмата ќе се најде и музичкиот документарец „Ефтеркланг – Бендот Македониум“, кој го отвори годиншеното издание на фестивалот „Синедејс“. Филмот е данско-македонска копродукција и е првиот филм каде што како продуцент се јавува МКЦ.

„Средишната септемвриска понуда е изненадувачка. Станува збор за веќе редовниот и со нетрпение очекуван Фестивал на нем и класичен филм. Всушност, тоа е шестдневна можност да се видат ваквите, веќе подзаборавени, а легендарни кино творби. Ова е вистински подарок за сериозните филмофили. Тоа што понатаму следува е исто така скапоцен подарок. Филмскиoт гигант Скорсезе и почитуваниот наслов – „Бандите на Њујорк’“, најавуваат од Кинотека.

Тука може да се погледне целосната ПРОГРАМА.

Најново

Последни колумни