Два филмa од домашна продукција ќе се емитуваат под ведро небо следниот четвтрток од 20 часот на платото на техничкиот кампус на УКИМ во просторот кај Машинскиот факултет Скопје и ФЕИТ, ФИНКИ и Технолочкиот факултет. Се работи за филмовите „Лена и Владимир“ на Игор Алексов и „Тага“ на Тина Величковиќ.

„Сакаме да го пресликаме духот на летното кино дури и само за една ноќ.Дебитантските дела на младите режисери се остварувања во кои се вложени огромен труд, посветеност и љубов. Наративните се искрени, со голем актерски влог и со умешни нијанси на продукциски решенија кои носат свежи перспективи на домашната кинематографија.“ велат организаторите, Академска сцена на ФДУ Скопје и Универзитетско студентско собрание – УКИМ.
.