На програмата, вечерва, со почеток во 21:00 часот е предвидена и проекција на филмот „Мајнкрафт “, а утревечер, во истиот термин, проекција на македонскиот хит „Јон Вардар“.

Како што информираат на својата веб страница од Општина Велес, љубителите на филмската уметност, ќе имаат можност да учествуваат во гејминг дуели и потоа да уживаат во кино под ѕвездите, и истовремено да освојат и симболични награди.
Инаку, пријавувањето е директно на локацијата, а бројот на тимови е ограничен, информираат од Општина Велес.