Меѓународниот аеродром „Далиан Џинжуван“, на вештачки остров во Кина, со својата големина ќе ги надмине аеродромите во Хонг Конг и Јапонија.
Планирана е изградба на површина од 20 квадратни километри, а аеродромот ќе може да прими 43 милиони патници годишно.
Со овој проект Кина целосно ќе го трансформира воздушниот сообраќај, бидејќи се планира аеродромот да биде и најголемиот транспортен центар. Годишниот товарен капацитет ќе биде еден милион тони.
Новиот аеродром „Далиан Џинжуван“ се наоѓа на полуостровот, на северниот крај на Бохајскиот теснец, е крајбрежен град и напреден економски центар со население од околу шест милиони е напредна нафтена индустрија, транспортни и логистички услуги и зголемување на туристичката посета.
Благодарение на одличната географска локација, аеродромот ќе стане главен регионален центар за воздушен сообраќај, се очекува да има четири писти и терминална површина од 900.000 метри квадратни.