Снимката од кинеската гимнастичарка Џо Јакин стана вирална, откако оваа млада спортиска се обиде да го имитира нејзините италијански колешки Алис Д’Амато и Манила Еспозито на победничкиот подиум во Париз.
Италијанките ги загризаа своите медали, согласно неформалната традиција на олимиските шампиони, но ваквиот потег не ѝ беше јасен на гимнастичарката од Кина.
Јакин, која освои сребро, прво зачудено ги гледаше Италијанките, како да се прашува што јадат, а потоа се обиде да ги имитира, ставајќи го нејзиниот медал во уста.
Нејзината реакција беше оценета како слатка од корисниците на интернет, поради што стана вистински хит.
Извор: Н1