Кинеското експериментално вселенско летало се врати на Земјата по 268 дена во орбитата

Кинеското вселенско летало за повеќекратна употреба се врати на Земјата откако помина 268 дена во орбитата.
Фото: Xinhua

Според кинеските државни медиуми, експерименталното вселенско летало било лансирано во декември минатата година од центарот за лансирање на сателити Jiuquan во северозападната пустина Гоби.

Вселенското летало беше лансирано во орбитата со ракетата Long March 2F, и имаше задача да ги следи вселенските научни експерименти.

Ова беше трета кинеска мисија на експериментални летала за повеќекратна употреба.

Првата таква мисија во Кина беше лансирана во септември 2020 година, а леталото потоа остана во орбитата помалку од два дена. Вториот тест започна во август 2022 година, по што леталото остана во орбитата 276 дена пред да се врати дома во мај минатата година.

Извор: Н1

Најново

Последни колумни