Кинеските власти ги предупредија своите истражувачи од областа на вештачка интелигенција (AI) да не патуваат во САД

Властите се загрижени дека патувањето на кинеските стручњаци за AI во странство може да ги загрози доверливите информации за напредокот на земјата во оваа технологија

Кинеските власти ги предупредиле своите експерти и истражувачи од областа на вештачка интелигенција (AI) да избегнуваат патувања во Соединетите Американски Држави, пренесува Wall Street Journal повикувајќи се на анонимни извори.

Властите се загрижени дека патувањето на кинеските стручњаци за AI во странство може да ги загрози доверливите информации за напредокот на земјата во оваа технологија. Покрај тоа, властите стравуваат дека директорите на AI компаниите би можеле да бидат притворени и користени како заложници во преговорите помеѓу САД и Кина. Американските медиуми го споредуваат ова со притворањето на директорката на Huawei во Канада по барање на Вашингтон за време на првиот мандат на Доналд Трамп.

Затоа, кинеските власти ги советуваат директорите на водечките компании во AI и други клучни индустрии како роботика да не патуваат во САД и нивните сојузници, освен ако тоа не е апсолутно неопходно. Оние кои ќе се одлучат да патуваат се упатуваат да ги известат властите за своите планови пред заминувањето и да ги информираат за тоа што правеле и со кого се сретнувале по нивното враќање.

Лијанг Венфенг, челник на кинескиот стартап DeepSeek, во февруари го одбил поканата за учество на собир за вештачка интелигенција во Париз. Основачот на друга голема кинеска фирма минатата година ја откажа планираната посета на САД по упатства од Пекинг, пренесува WSJ.

САД и Кина се големи конкуренти на полето на вештачката интелигенција. DeepSeek неодамна лансираше модели за кои тврдат дека со значително помали инвестиции ги претекле американските предводници како OpenAI и Google.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни