Кинеските астронаути заглавени по судир со вселенски отпад

Тројца кинески астронаути остануваат заглавени на вселенската станица Tiangong откако нивната капсула беше оштетена од мал вселенски отпад. Спасувачката мисија е во подготовка за нивен безбеден повраток на Земјата.

Тројца кинески астронаути – познати како таиконаути – се најдоа во незавидна ситуација: заглавени се на вселенската станица Tiangong, без функционална летечка капсула за враќање на Земјата.

Нивната единствена капсула беше оштетена на почетокот на ноември по судир со вселенски отпад. Кинеската вселенска агенција (CMSA) соопшти дека причина за оштетувањето бил „малиот дел од вселенски отпад“ кој ја пукнал прозорската плоча на летелицата. Поради оштетувањето, посадата на мисијата Shenzhou 21 – Чанг Лу, Ву Феи и Чанг Хонгџанг – останаа во орбитата.

Мисија за спасување во подготовка

Претставници на CMSA потврдија дека работат на испраќање на безбедна замена за летелицата. Иако точниот датум за враќање не е потврден, достапните информации покажуваат дека лансирањето на спасувачката мисија е закажано за 25 ноември. Во меѓувреме, експертите се загрижени за потенцијалните ризици.

Познаено е дека трите астронаути од претходната мисија се вратиле на Земјата со летелицата со која Лу, Феи и Хонгџанг стигнале на станицата. Сè уште не е јасно зошто сите шест астронаути не останале на станицата додека не пристигне замена, иако се шпекулира дека залихите би станале критични заради продолжениот престој на претходната посада.

Сè поголем проблем: вселенски отпад

Ова е втор случај во последните две години астронаути да останат заглавени во орбитата. Во март оваа година, астронаутите на NASA, Бач Вилмор и Суни Вилијамс, успешно се вратиле на Земјата откако нивната осумдневна мисија се продолжила на девет месеци поради технички проблеми со капсулата.

Јан Осбург, повисок инженер во корпорацијата RAND, изјави за Space.com дека ваквите настани се „масивен аларм“. „Станува збор за лоша ситуација,“ рече таа за кинеските астронаути. „Се надеваме дека наскоро ќе се вратат безбедно на Земјата.“

Со зголемувањето на вселенскиот отпад во орбитата, ризикот од судир станува сè поголем проблем. Во 2021 година, отпад удри во Меѓународната вселенска станица (ISS) и ја оштети дел од нејзината роботска рака, а во последните години ISS мораше неколкупати да изведува маневри за да избегне летечки остатоци.

Сè уште не е познат целосниот обем на штетата на кинеската капсула, а светот со нетрпение очекува безбеден повраток на тројцата астронаути.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни