Кинескиот суд осуди новинар на 7 години затвор поради шпионажа

Неговото семејство смета дека апсењето на Јују е предупредување до кинеските граѓани да не комуницираат со странци

Судот во Кина го осуди Донг Јују, високо етаблиран уредник и колумнист, на 7-годишна затворска казна, под обвинение за шпионажа. Јују пишуваше критички написи за Комунистичката партија, а беше уапсен во Пекинг, 2022 година додека бил на ручек со јапонски дипломат. По приведувањето, новинарот 6 месеци немал право на комуникација, пред формално да биде уапсен.

Неговото семејство рече дека тоа е казна за минатите пишувања кои биле критички настроени кон владата, како и предупредување до кинеските граѓани да не се занимаваат со странци. Од семејството сметаат дека судот тенденциозно постојано ја одложувал неговата пресуда и изрекувањето на казната.

„Јују е прогонуван поради независноста што ја покажа за време на животот поминат како новинар. Јују сега ќе биде познат како предавник во својата земја, наместо да биде препознаен како некој кој секогаш се борел за подобро кинеско општество“, велат од неговото семејство.

Оттаму додаваат дека обвиненијата поврзани со националната безбедност се обвиткани во тајност, а судењата се одржувале зад затворени врати. Според семејството на Јују, пресудата била прочитана во судот, но не била споделена со неговите адвокати.

Новинарот, инаку, редовно се состанувал со странски дипломати и новинари. Во своите текстови често изразувал поддршка за владеењето на правото и уставната демократија. Неговата кариера забележала нагорна линија кога интеракциите со надворешниот свет не само што биле прифатени, туку и охрабрувани од кинеските власти, бидејќи земјата ја отворила својата економија. Тој се приклучил на Guangming Daily, весник бр. 2 на Комунистичката партија, во 1987 година, по дипломирањето на престижниот правен факултет на Универзитетот во Пекинг. Пишувал и за веб-страната на „Њујорк тајмс“ на кинески јазик.

Исто така, и други кинески државјани неодамна биле мета на властите по ангажман со странски дипломати. Двајца активисти за човекови права, Ју Веншенг и Ксу Јан, кои се во брак, биле уапсени во 2023 година додека биле на пат да се сретнат со дипломати на ЕУ. Минатиот месец тие биле осудени на затворски казни од три години, односно една година и девет месеци, под обвинение за поттикнување субверзија на државната власт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни