Кинескиот милијардер јаде ужина од 6.2 милиони долари

Кинескиот бизнисмен со криптовалути, Џастин Сун, го исполни своето ветување и ја изеде бананата од уметничкото дело „Комичар“ на италијанскиот уметник Маурицио Кателан. Делото, кое се состои од банана залепена на ѕид, беше купено од Сун на аукција за неверојатни 6,2 милиони долари.

Во спектакуларен чин пред десетици новинари и инфлуенсери во луксузен хотел во Хонгконг, триесет и четиригодишниот Сун ја изеде бананата додека одржуваше говор:
„Повкусна е од други банани. Навистина е добра. Ова јадење исто така може да стане дел од историјата на делото“, изјави тој, предизвикувајќи мешани реакции.

Откако го купи „Комичар“, Сун доби сертификат за автентичност и упатства за одржување на делото, што вклучува редовно менување на бананата.

Делото првпат беше изложено на Уметничкиот саем во Мајами во 2019 година, каде што се продаде за 120.000 долари, отворајќи глобална дебата за природата и вредноста на современата уметност. Тогаш, уметникот Дејвид Датуна предизвика сензација кога ја изеде бананата, која подоцна беше заменета со друга.

Суновата постапка предизвика нова контроверзија, но и ја продолжи легендата на ова необично уметничко дело.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни