Хакери поврзани со Кина упаднале во мрежата на ФБИ

Американските истражители се сомневаат дека група хакери поврзана со кинеската влада успеала да пристапи до интерната компјутерска мрежа на ФБИ.

Американските истражители се сомневаат дека хакери поврзани со кинеската влада извршиле сајбер-упад во интерната компјутерска мрежа на Федералното истражно биро (FBI), објави „Wall Street Journal“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според извештајот, мрежата во која е извршен упад содржи информации поврзани со одредени домашни налози за надзор.

Во моментов не е познат точниот обем на нападот ниту колку сериозни се последиците, бидејќи истрагата сè уште е во рана фаза.

Претходно, FBI им наложи на своите агенти засилено да ги следат лицата во САД кои би можеле да бидат активирани по неодамнешните ирански напади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни