Послабиот јуан може да му помогне на кинескиот извоз со тоа што ќе ги направи стоките поконкурентни и ќе ги ублажи ефектите од царините, но аналитичарите предупредуваат дека остриот пад би можел да предизвика несакани одливи на капитал и да ја загрози финансиската стабилност.
Штп е оншор јуанот?
Оншор јуан (CNY) се однесува на девизниот курс на кинескиот јуан што се тргува во континентална Кина, под директна контрола на кинеската централна банка. Спротивно на тоа, офшор јуанот (CNH) се користи за тргување надвор од Кина, главно во Хонг Конг, и е поподложен на пазарни влијанија.
Во овој случај, падот на оншор јуанот значи дека вредноста на официјалниот, домашен кинески јуан падна во однос на доларот, што директно ја одразува монетарната политика на Пекинг и има пошироки импликации врз глобалната трговија.