Кина го поддржува 30-дневното примирје што го предложија Украина, Европа и САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џиен.
Кинеското министерство за надворешни работи порача: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат прашањето преку дијалог и преговори“, повикувајќи на „обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни“.
„Ставот на Кина за ‘украинската криза’ е доследен и јасен. Веруваме дека сите напори треба да бидат насочени кон постигнување мир“, изјави Лин Џиен на брифинг, коментирајќи ја иницијативата на Украина и партнерските земји.