Кина од септември ќе воведе предавања за користење на вештачка интелигенција (ВИ) во образовниот систем, прилагодени на возраста на децата.
За оваа технологија ќе се учи во примарното, секундарното и терцијарното образование, со цел учениците да излегуваат од училиштата подготвени за пазарот на трудот, но и за создавање иновации.
Првите места каде ќе се предава за вештачка интелигенција ќе бидат универзитетите во Пекинг, каде што студентите ќе имаат минимум осум часови годишно од предмети поврзани со ВИ. Освен тоа, тие ќе учат и основи на машинско учење, кодирање и роботика, пишува Bif, повикувајќи се на Greek Reporter.
Во основните училишта, пак, децата ќе се запознаваат со концептот на вештачка интелигенција.
Во подоцнежното школување, учениците ќе учат како да ја применуваат оваа технологија за стекнување знаење и во секојдневниот живот, а потоа ќе посетуваат курсеви каде ќе учат како да ги подобрат ВИ апликациите и да бидат поиновативни.