Кина по најавата на Трамп за царини поради трговијата со Иран: „Тарифните војни немаат победник“

Пекинг најави дека цврсто ќе ги штити своите интереси и предупреди на ескалација на глобалните трговски тензии

Кина во вторникот порача дека ќе ги „цврсто штити“ своите легитимни интереси, откако Доналд Трамп ѝ нареди на својата администрација да воведе царини од 25 проценти за сите држави што остваруваат трговија со Иран.

„Тарифните војни немаат победник и Кина решително ќе ги заштити своите законски и легитимни права и интереси“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција во Пекинг.

Осврнувајќи се на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Мао истакна дека Пекинг го поддржува Иран во напорите за зачувување на националната стабилност и се противи на мешање во внатрешните работи на земјата, како и на употреба или закани со сила во меѓународните односи.

Американскиот претседател во понеделникот на својата платформа Truth Social објави дека „веднаш, секоја земја што тргува со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 проценти за сите деловни активности со Соединетите Американски Држави“. „Оваа наредба е конечна“, додаде Трамп.

Соединетите Американски Држави и Кина се двете најголеми светски економии, а нивната билатерална трговска размена се мери со стотици милијарди долари, што дополнително ги засилува стравувањата од нов бран глобални економски потреси.

Иако Трамп во изминатиот период повеќепати се закануваше со воена интервенција против Иран доколку властите употребат смртоносна сила за задушување на протестите, неговата последна објава дојде само неколку часа откако Белата куќа соопшти дека е заинтересирана за разгледување дипломатски можности со Техеран.

Во меѓувреме, во понеделникот низ повеќе региони во Иран беа одржани масовни провладини собири, додека антивладините протести влегоа во својот 16-ти ден, поттикнати од влошената економска состојба во земјата.

Иранските власти ги обвинија САД и Израел дека стојат зад, како што ги нарекоа, „вооружени изgredници“, кои, според нив, извршиле неколку напади на јавни места низ земјата.

Според податоците на американската организација Human Rights Activists, бројот на загинати во протестите во Иран пораснал на 646 лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни