Кина стана „роботска“ суперсила, а високо на листата е и поранешна јужноамериканска земјаВицешампион е Сингапур, кој има 770 роботи на 10.000 работници во фабриките, додека Кина е на трето место со 470 роботи на 10.000 работници. Кина ја престигна Германија во употребата на роботи во индустријата, се вели во најновиот извештај на Меѓународната федерација за роботика (IFR).
Според ова здружение листата ја предводи Јужна Кореја, која има 1.012 роботи на 10.000 работници, а од 2018 година оваа бројка расте со стапка од 5 проценти. Вицешампион е Сингапур, кој има 770 роботи на 10.000 работници во фабриките, додека Кина е на трето место со 470 роботи на 10.000 работници. Со преминувањето на третото место, Кина ги надмина Јапонија и Германија, а во 2023 година бројот на роботи на 10.000 жители се зголеми за дури 16,9 отсто. Во извештајот на IFR понатаму се наведува дека Германија има 429 роботи на 10.000 работници, додека Топ 5 ја комплетира Јапонија со 419 роботи на 10.000 работници.
Што се однесува до европските земји, најдобра е Шведска, која е на шестото место со 347 роботи, додека Данска и Словенија го делат осмото место, со 306 роботи на 10.000 работници. IFR го пресметал и просечниот број на роботи на 10.000 работници врз основа на податоците што ги имаат и тој изнесува 162 роботи. Што се однесува до земјите од ЕУ, оваа бројка е надмината од Холандија, Австрија, Италија, Чешка, Словачка и Франција.