Кина сака да гради нуклеарен реактор на Месечината

Првичните планови за Меѓународната лунарна истражувачка станица (ILRS), предводена од Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината, покажа презентацијата на кинески вселенски службеник во среда.

Презентацијата на Пеи Жаоју, главен инженер на кинеската мисија Чанг’е-8 во 2028 година, укажува дека снабдувањето со енергија на идната база може да зависи и од големите соларни панели што ќе се изградат на Земјиниот сателит.

Целта на мисијата „Чанг’е-8“ е да се постават темелите за изградба на постојана база на Месечината со екипаж. Кина има амбиции да стане водечка вселенска сила и да испрати астронаути на Месечината до 2030 година.

Оваа цел се совпаѓа со поамбициозниот план на НАСА, чија програма „Артемис“ има цел да испрати американски астронаути на површината на Месечината во декември оваа година.

Ву Вејрен, член на Кинеската академија за инженерство и главен дизајнер на кинескиот проект за истражување на Месечината, минатата година изјави дека основниот модел на ILRS на јужниот пол на Месечината ќе биде изграден до 2035 година.

Мисијата Чанг’е-8“  е дел од фазата на изградба на тој модел, нагласи Ву.

Во иднина, Кина ќе го лансира проектот „555“, кој има цел да покани 50 земји, 500 меѓународни научни институции и пет илјади научници да се приклучат на ILRS.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни