Кинеската компанија Nio вчера го претстави својот прв паметен телефон, кој е специфичен по некои опции кои се наменети за сопствениците на нивните електрични автомобили. Така, Nio Phone може да се користи како клуч за автомобилот, но преку телефонот сопственикот може да му нареди на автомобилот да се паркира самиот, односно да дојде од паркинг до каде што се наоѓа сопственикот. Оваа опција е достапна само на кинескиот пазар и може да се користи на ограничени простори и при мали брзини.
Новиот телефон има дури 30 фунцкции кои се специфични само за нивните автомобили. Од кинеската компанија се надеваат дека со своите уреди ќе почнат нов тренд во индустријата, како и дека многу нивни конкуренти ќе извлечат поуки од нивните иновации на пазарот за паметни телефони.
Овој телефон работи на Android 13 и има закривен ОЛЕД екран со дијагонала од 6,8 инчи, а има и чипсет Snapdragon 8 Gen2. Од задната страна има три камери – главниот сензор од 50MP со оптичка стабилизација, ултраширок сензор од 50MP и телефото сензор од 50MP. Капацитетот на батеријата е 5200 mAh, а поддржува и брзо полнење од 66W.
Беа претставени три верзии на телефонот: 12GB RAM и 512GB, односно 1TB простор и премиум верзијата со 16GB RAM и 1TB простор за складирање, а цените ќе се движат од околу 900 до 1.030 долари. Телефоните ќе бидат достапни само на кинескиот пазар, а ќе влезат во продажба од крајот ан овој месец.
Извор: reuters.com