Професорот на Универзитетот Беркли во Калифорнија, Стјуарт Расел, оцени дека дошол моментот кој ја убедил Кина дека надмоќта е на страната на вештачката интелигенција (ВИ), кога програмата AlphaGo, го победи човекот од оваа земја, кој беше светски шампион, токму во играта налик на шахот, која се нарекува Go.
Сега Кина знае дека надмоќта во вештачката интелигенција е апсолутен предуслов за нивната надмоќ како земја – рече Расел на Самитот на Глобалното партнерство за вештачка интелигенција што се одржа во Белград.
Тој истакна дека откако се случи тоа, системите за вештачка интелигенција далеку ги надминаа човечките способности во играта Go. Објаснувајќи што е вештачка интелигенција, тој рече дека се работи за правење машини кои се интелигентни, а машината е интелигентна до степен до кој може да се очекува нејзините акции да ги постигнат своите цели. Додаде дека кога размислуваме за работи како учење и донесување одлуки, планирање и расудување, сите тие се во служба на изборот на дејствија од кои може да се очекува да се постигнат нечии цели.
„Кога користите помош за навигација, ја внесувате целта и дестинацијата, а потоа алгоритмот произведува однесување што ве носи до дестинацијата што е можно побрзо“, рече Расел.
Расел смета дека има проблеми кои не можат да се решат во линеарно време, и дека тоа се гледа и во пракса.
„Нашите системи за учење во моментов бараат огромни количини на податоци, многу повеќе отколку што било човечко суштество некогаш потрошило, било да се тоа слики или текст, често милиони пати повеќе отколку што им треба на човечките суштества – рече Расел.
GPAI во Белград
За време на Министерскиот самит, кој се организира вториот ден, се очекува да биде усвоена и Белградската декларација која треба да ја промовира иновативната примена на вештачката интелигенција, вештачката интелигенција која ја штити интелектуалната сопственост, но и се залага за примената на вештачката интелигенција која ќе обезбеди намалување на дигиталниот јаз меѓу развиените и помалку развиените земји.
Глобалното партнерство за вештачка интелигенција е водечка меѓународна организација вклучена во развојот, имплементацијата и регулирањето на вештачката интелигенција.