Пекинг бара прекин на огнот, но одбива да испрати бродови во Хормуз

Гласноговорникот Лин Џијан ситуацијата ја нарече „напната”, но на американското барање за бродови не одговори директно

Кина повика на итeн прекин на воените дејства во регионот, но одби да потврди дали планира да испрати бродови во Хормускиот теснец по барањето на американскиот претседател Доналд Трамп. Реакцијата на Министерството за надворешни работи пристигна само неколку часа по Трамповото интервју за „Фајненшл тајмс”, во кое го повика Пекинг да помогне во обезбедувањето на клучниот пловен пат.

Лин Џијан: „Напната” ситуација штетна за глобалната стабилност

Кинескиот МНР оценка дека состојбата во Хормускиот теснец е напната и штетна за глобалната стабилност. Гласноговорникот Лин Џијан ги повика сите страни веднаш да ги запрат воените дејства, да избегнат понатамошна ескалација и да спречат регионалниот судир да има потешки последици по светскиот економски развој.

На директното прашање дали Кина добила официјално американско барање за испраќање бродови, Лин не одговори.

Трамп постави услов – и ги повика сојузниците

Трамп претходно во интервju за „Фајненшл тајмс” изјави дека би можел да го одложи планираниот самит со кинескиот претседател Си Џинпинг. Притоа додаде дека Кина добива 90 отсто од нафтата преку теснецот – имплицирајќи дека Пекинг има интерес сам да го чува.

Покрај Кина, Трамп во сабота изрази надеж дека Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и други земји ќе испратат поморски сили за да ја осигураат пловидбата низ теснецот, кој е практично затворен од почетокот на војната.

Дипломатска јазичина: самитот сè уште на маса

Лин одговори дипломатски и на прашањето за одложување на Трамп-Си самитот. Дипломатијата на највисоко ниво, рече, е незаменлива за стратешкото насочување на кинеско-американските односи, а двете страни остануваат во контакт околу посетата на Трамп на Кина.

Пекинг јавно не ги отфрли ниту барањата, ниту самитот – но ниту едно не го потврди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни