Кина го зголемува повратот на данок за странските туристи со цел да ја зголеми потрошувачката

Кина ќе ја промовира експанзијата на продавниците за поврат на данок за странски туристи во трговските зони, туристичките места, на аеродромите и во хотелите

Кина денеска соопшти дека ќе го зголеми повратот на данок за странските туристи со цел да ја поттикне нивната потрошувачка.

Во заедничко соопштение од кинеското Министерство за трговија и други министерства се наведува дека минималната потрошувачка на еден странски турист во една продавница на дневно ниво за да се стекне со право на поврат на данок сега се намалува на 27,45 долари (200 јуани), откако претходно изнесуваше 68,62 долари (500 јуани).

Се нагласува дека Кина ќе ја промовира експанзијата на продавниците за поврат на данок за странски туристи во трговските зони, туристичките места, на аеродромите и во хотелите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни