Кина ги обвини САД за масовни сајбер напади: Во извештајот се споменуваат и некои европски земји

Кина ја обвинува САД за над 600 сајбер напади извршени во 2024 година преку европски и азиски сојузници. Министерството за надворешни работи повикува на глобална соработка за сајбер безбедност.

Според извештајот на Кинеското здружение за сајбер безбедност, Владата на САД, преку земји како што се Германија, Јужна Кореја, Сингапур и Холандија, спровела два сајбер напада врз Кина.

Исто така е откриено дека тајни заканувачки групи кои делуваат на државно ниво извршиле повеќе од 600 напади во текот на 2024 година врз значајни кинески институции, насочени кон клучната информатичка инфраструктура.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, изјави на прес-конференција во петокот дека овие напади го потврдуваат тоа дека САД претставуваат најголема сајбер закана за Кина и дека тие „лицемерно“ се претставуваат како жртви.

„Кина ќе продолжи да презема неопходни мерки за заштита на својата сајбер безбедност“, рече тој.

Тој исто така нагласи дека САД ги користат своите сојузници од Европа и Азија за спроведување на овие напади.

„Кина отсекогаш сметала дека сајбер безбедноста е заеднички предизвик за сите држави и бара заеднички одговор преку дијалог и соработка“, заклучи Гуо, според официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Кина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни