На автопатот Белград–Ниш кај Велика Плана, моментално има огромни гужви. Застојот на возилата е во правец кон Белград, но и во спротивниот правец – кон Ниш, каде се формирани километарски колони.
Во тој дел се изведуваат градежни работи, а дополнително, проблемот го усложнува магла која доведува до слаба видливост.
Се советува зголемено внимание и намалување на брзината.