Килијан Марфи се враќа во „Peaky Blinders“

Познатата серија на Би-Би-Си и Нетфликс, чија 6-та сезона заврши во 2022 година се враќа со нова сезона. Креаторот Стивен Најт за Бирмингем Ворлд изјави дека актерот Килијан Марфи „дефинитивно“ ќе се врати за серијата „Пики Блајндерс“.

Марфи во серијата го  глумеше  Томи Шелби а меѓу другите актери, глумеа и Ања Тејлор-Џој, Адриен Броди и Сем Нил.

„Тој дефинитивно се враќа повторно“, изјави Најт. ,,Со снимање почнуваме во Септември’’.

Марфи неодамна доби Оскар за најдобар актер за „Опенхајмер“. Тој претходно една деценија играше споредни улоги во други филмови на Кристофер Нолан. „Peaky Blinders“ беше меѓу неколкуте водечки изведби на Марфи пред „Опенхајмер“.

„Отсекогаш сум велел дека ако Најт испорача сценарио, знам дека може да го изведе, бидејќи тој е феноменален, а јас секако ќе бидам таму“, истакна Килијан Марфи.

Најт исто така објави дека е во тек сценарио за адаптација на игран филм. Најт сподели дека бара продукција да биде на местото каде што била активна вистинската банда Peaky Blinders, како Дигбет и Смол Хит.

Извор: https://www.indiewire.com/news/general-news/cillian-murphy-return-peaky-blinders-movie-1234966606/

Најново

Последни колумни