„Според нашите податоци, во тек се истраги за егзекуциите на 268 украински војници од страна на руските војници … Знаеме дека овој начин на постапување со украинските воени заробеници е контролиран од највисоките нивоа. За жал, ова е реалноста што ја набљудуваме“, наведе Лубинец
Русија сè уште не ги коментирала тврдењата на украинските власти, а информациите не можат да бидат независно потврдени.
Лубинец претходно испрати писма до ОН и до Меѓународниот комитет на Црвениот крст поради брутално убиство на невооружен украински воен заробеник од страна на руски војници. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа маж врзан за мотоцикл и влечен по патот. Се претпоставува дека е погубувањето на украински затвореник.