„Повредени се 17 лица, четири се убиени“, рече Терхов, градоначалник на градот близу руската граница.
Тој додаде дека и покрај мировните преговори за Украина, руските сили „нападнале станбени згради“.
Според службата за вонредни ситуации, нападите биле изведени со дронови, уништени се згради и предизвикани пожари во три станбени објекти и еден објект од цивилната инфраструктура.
Русија речиси секојдневно ја напаѓа Украина со дронови и ракети. Енергетската инфраструктура е особено на удар, што предизвикува страв со приближувањето на зимата.
Украина редовно гаѓа складишта за нафта, рафинерии и други објекти на руската страна.
Украински, американски и европски претставници се состанаа во неделата во Швајцарија за да разговараат за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на конфликтот во Украина.
Првичната верзија на документот наиде на противење од Киев и неговите европски сојузници.
Сепак, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е многу оптимистичен во поглед на можноста за постигнување договор, дека очекува тој да биде постигнат „многу брзо“, и посочи на „огромен напредок“ за време на преговорите во Швајцарија.
Извор: N1info.rs
