На 25- ти јуни како дел од Кидс бук клабот на Europe House Skopje, поетесата Ана Голејшка Џикова ќе ги води најмладите читатели на интересно патување низ буквите од азбуката.
„Да ја вежбаме Азбуката“ ќе биде активно учење на сите букви, асоцијативно и со реквизити, и по некоја гимнастичка вежба.
„Ќе се служиме со Бушавата азбука на Горан Стефановски, но и со нашата фантазија. Затоа што, во здраво тело -здрави букви“ порачуваат од Europe House Skopje.
Препорачана возраст е од 4 до 6 години.
Задолжително пријаваување: https://forms.gle/qAk1Q91mPzL2nEZs7