Кич, помпа и носталгија: Зошто почесните статуи се толку лоши?

Откривањето на новата статуа на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, во љубезен еуфемизам на новинарските извештаи, ги „подели мислењата“.
Фото: Antrim and Newtownabbey Borough Council

Бронзата во градините на замокот Антрим во близина на Белфаст, ја прикажува покојната кралица во селска облека со двете кученца покрај неа. Оваа статуа е додадена покрај постоечка статуа на принцот Филип во костум. Уметничкиот критичар на Тајмс напиша дека ликот на кралицата е „непрепознатлив“, а локалните жители и корисниците на социјалните мрежи статуата ја оценија за ужасна и порачаа дека подобро е да се стопи и да се направи од почеток.

Сепак, оваа статуа не е првата што предизвикува смеа, наместо почит. Минатиот месец, сопственикот на Мета, Марк Закерберг откри голема и исклучително тиркизна статуа на неговата сопруга Присила Чан, завиткана во вител од фолија. Монструозности, како што се збунетата биста на Кристијано Роналдо на аеродромот Мадеира и несмасната дрвена статуа на Меланија Трамп во Словенија, беа поставени на јавни места. Словенците го изразија својот уметнички одговор со палење на статуата, по што беше заменета со бронзена.

Една од причините зошто почесните статуи излегуваат лошо е тоа што има тенденција да бидат проект на некој поединец или група од посебен интерес. Сопствениот концепт на спонзорот за уметничкиот излглед често останува непроверен кај критичарите или кај јавноста до откривањето. Ова датира од 19 век од лудилото познато како „статуеманија“, кога илјадници статуи се појавија во Европа, САД и нивните колонијални периферии. Уметникот Едгар Дега се пошегува: „Се ставаат железни жици околу јавните градини за да се спречат скулпторите да ги депонираат своите дела во нив“.

Често се тврдеше дека средствата за овие статуи се собрани од јавноста. Во реалноста, тоа најчесто бил поединец шт оплаќал и потоа го убедувал локалните власти да ја постават статуата. Во 1910-тите, Лондон ја отфрли статуата на Абрахам Линколн на американскиот милионер Чарлс Фелпс Тафт по жестоката кампања предводена од синот на Линколн, Роберт. Статуата беше опишана дека изгледа како „скитник со колика“. Тајмс стравуваше дека статуата е толку лоша што може да ги оштети англо-американските односи. Сепак, Тафт успеа да ја подигне својата статуа во Манчестер, каде што сега стои на плоштадот Линколн.

Статуата „Слобода“ на скулпторот Том Черч на Вилијам Валас, направена по моделот на актерот Мел Гибсон во филмот Храбро срце, беше постојано вандализирана кога Советот на Стирлинг дозволи да се постави на паркингот покрај Националниот споменик на Валас. По неколку обиди да ја донира на нови локации, конечно најде дом со фудбалскиот клуб Бречин Сити.

Избезумената прекумерна употреба на почесните статуи од страна на диктаторите од 20 век, како што се Сталин, Мусолини и севернокорејската династија Ким, ја наполни формата со кич и му даде непријатни политички асоцијации. Сепак, модерната јавна меморијална уметност може да биде извонредно трогателна. По должината на брегот на Дунав во центарот на Будимпешта, линија на железни чевли во природна големина ги слават Евреите кои, за време на Втората светска војна, биле принудени да ги соблечат чевлите пред да бидат застрелани и фрлени во реката. Тоа го одзема здивот. Така е и Националниот меморијал за мир и правда во Алабама, кој ги споменува жртвите на линчовите на челични блокови кои висат над главите на посетителите.

Само неколку модерни почени статуи наиода на добро прифаќање од јавноста. Статуата на Ерик Моркамб во заливот Моркамб и статуата на Битлси на брегот на Ливерпул се популарни.

Но, освен ако тоа не е направено со доза на духовитост или инвентивност, формата е инхерентно недоволна: носталгична, помпезна и заглавена во буквалност што ни најфината изработка не може да ја надмине.

Спектаклот на илјадници луѓе кои тивко чекаат на ред за да и оддадат почит на кралицата кога таа лежеше во државата може да се гледа како уметничко дело само по себе: народен споменик многу потрогателен од која било статуа. Понекогаш најголемата јавна уметност ја создава јавноста.

Извор: Financial Times

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни