Во време на глобална неизвесност, техно-феудализам и екстремни општествени поделби, колективот јапан@мк организира уникатен настан под наслов „Киберпанк: Надежта е револуција – Како да преживееш апокалипса“. Настанот ќе се одржи во Лабораториум, Скопје, на 10 мај 2025 година, со почеток во 20:00 часот.
Настанот е концептуализиран како перформанс во живо, кој ќе ги вовлече посетителите во симулирана база на отпорот во постапокалиптична реалност. Со влезницата, секој учесник станува дел од базата и добива мисии преку скевинџер хант низ шест тематски хабови. Во секој хаб ќе научат како да се справат со надгледувањето, климатската катастрофа, манипулацијата со информации, економската зависност и угнетувачките системи.
Секоја зона носи посебно искуство – од антинадгледувачка шминка и отпор хакерски туторијали, до биохаб со растенија и инсекти за преживување, како и уметнички инсталации и графити инспирирани од револуција.
Вратите се отвараат во 19:30 со цртање на графит во живо пред влезот на базата.
Музичкиот сегмент започнува во 20:00, со martiAn а со тоа започнува и скевинџер хантот
Во 21:00 часот е настапот на LV$T, потоа се продолжува со Null, а завршува со хедлајнерот Zerosum од САД – музичар инспириран од мрачни аниме вселени и киберпанк култура.
„Настанот е за сите кои одбиваат да бидат само пасивни учесници во системот што ги угнетува. Ова е повик за будност, отпор и здружување во име на заедничка иднина. Само надежта може да нè здружи. Само надежта може да донесе револуција“ велат организаторите.
На самиот настан започнува интерактивен скевинџер хант воден низ седум хабови:
- Хекерски – дешифрирај ги кодовите.
- Антиконсумеристички – одбиј ја хиперпродукцијата.
- Био – преживеј во рушевини.
- Антинадгледувачки – исчезни од радарот.
- Уметнички – креативен отпор.
- Активистички – поврзи се и делувај.
- Медицински – грижа за менталното и телесното здравје.
Секој хаб крие пораки, мисии и делчиња од поголема приказна. Ониe што ќе ја завршат мисијата – ќе ја отклучат финалната порака на револуцијата.
„Ова не е само журка. Ова е симулација на можен свет. Целосно потопувачко искуство, аудио-визуелна експлозија, и вистински чекор кон градење заедништво и револуција во време на дигитален мрак. Не носиме маски, но зборуваме вистина. Не сме невидливи, сме отпор. Надежта е револуција“ велат од Јапан@мк