Иран денеска е цел на масовни кибернетички напади, кои се совпаднаа со воените удари на Израел и Соединетите Американски Држави врз режимски и воени цели во земјата, пренесуваат ирански медиуми.
Неколку ирански новински агенции и клучни медиумски платформи се погодени и се соочуваат со сериозни нарушувања во работењето.
Меѓу погодените се веб-страниците на новинските агенции ИРНА и ИСНА, јави агенцијата Фарс.
Фарс се смета за медиум близок до Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Во меѓувреме, многу граѓани во Иран ги заобиколуваат државните медиуми и, доколку имаат пристап до интернет, информациите ги следат преку веб-страници на странска опозиција или преку социјалните мрежи како Инстаграм и Телеграм.