Мисијата на КФОР го зголеми своето присуство и патроли низ целото Косово, како дел од редовната обука, според соопштението на меѓународниот воен контингент.
Од КФОР изјавиле дека ова ја покажува нивната подготвеност да одговорат „на сите релевантни безбедносни настани што би можеле да влијаат на безбедноста низ целото Косово и регионалната стабилност“ .
„КФОР продолжува да придонесува за безбедна и сигурна средина за сите луѓе што живеат во Косово и слобода на движење – во секое време, непристрасно и во тесна координација со косовската полиција и Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), во нивните соодветни безбедносни улоги“, се вели во соопштението.
Оттаму, додаваат дека нивната мисија продолжува да ги интегрира своите активности со напорите на пошироката меѓународна заедница, вклучително и поддршката за дијалогот меѓу Белград и Приштина, посредуван од ЕУ.
Тие, исто така, истакнаа дека командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, покрај тоа што е во контакт со претставници на косовските безбедносни институции, е во постојан контакт и со началникот на Генералштабот на Република Србија
