Манекенката Кејт Мос, која ја започна својата кариера како тинејџерка од Кројдон, Јужен Лондон, призна дека сè уште има емотивна лузна поради тоа што била принудена да позира гола за насловната страница на списанието „The Face“ во 1990 година со покојната фотографка Корин Деј, пренесува Дејли Меил.
Сè уште, и после тоа сликање, многу плачев затоа што морав да се соблечам пред неа…“, се присетува познатата манекенка.
„Во тоа време бев јас, Корин, фризерот Дру Џерет и шминкерот Дик Пејџ. Го натерав Дру да се сврти, бидејќи беше хетеро: Му кажав дека не сакам да ме гледа. Бев навистина срамежлива, имав 15 години и бев топлес во списание а сè уште одев на училиште, за среќа, The Face не се продааваше во Кројдон, па се сомневав дека некој воопшто го видел, или пак, слушнале за него, рече Мос.
„На многу млада возраст почнав да се сликам топлес и бев свесна дека имам бенка на десната страна на градите и толку многу ја мразев што плачев за тоа. Никогаш не сакав да бидам топлес. Ќе плачев и морав да го преболам тоа затоа што Деј, рекла: „Ако не, нема да те резервирам за следната работа“.
Таа се сеќава на некои тешки моменти од кариерата, како на пример соработката со Деј, која почина од тумор на мозокот во 2010 година. Популарнаа манекенка вели дека генерално имала поддршка од модниот бизнис.
Во интервјуто се осврнува и на фотографиите од 2005 година кога медиумите, објавија една на која, се гледа дека таа консумра дрога во студиото во кое работел нејзиниот тогашен дечко Пит Доерти.
„Кокаин Кејт“ е прекарот кој и е даден на Мос, поради што таа го загуби договорот од милион фунти со брендот „H&M“ и поради што отиде и на рехабилитација.
„Кога се случи скандалот, имав голема поддршка од луѓето во модниот бизнис. Штом можев да се вратам на работа, сите ме прифатија. Тие рекоа: „Не, нема да им дозволиме да те отфрлат“, додаде Мос.
Инаку, манекенката пред 22 години ја доби ќерката Лила, која тргна по нејзините стапки. Лила има завидно CV и се проценува дека вреди 76 милиони фунти, додека вредноста на нејзината мајка е 53 милиони фунти.
Мама и ќерка со задоволство се појавуваат заедно на разни настани, а експертите предвидуваат дека на овој начин можат да станат уште побогати. Досега Лила соработуваше со Марк Џејкобс и Миу Миу, а своето признание го доби кога Вог ја објави како една од 40-те „икони“.