Кејт Мидлтон ја посети болницата во која се лекуваше за да се заблагодари на лекарите

Кејт, британската принцеза од Велс, во вторникот ја посети лондонската болница каде што се лекуваше од рак за лично да им се заблагодари на лекарите за грижата и поддршката, соопштија од нејзината канцеларија.
Фото: X/@KensingtonRoyal

Кејт беше подложена на превентивна хемотерапија откако ракот беше откриен за време на операција на абдоменот пред една година. Таа беше доволно добро да се појави само неколку пати во јавноста до крајот на 2024 година.

На нејзиниот прв соло ангажман по враќањето на службените должности, 43-годишната Кејт ја посети болницата „Ројал Марсден“ во центарот на Лондон каде што и самата беше подложена на третман кој заврши во септември.

Таа се сретна со пациентите и персоналот и зборуваше за грижата што ја добива во болницата, а посетата најави дека Кејт, заедно со нејзиниот сопруг, престолонаследникот принцот Вилијам, станале покровители на специјалистичкото одделение за рак.

Кејт му рекла на една пациентка дека целата ситуација била „навистина тешка“ за нејзиното семејство.

„Принцезата сакаше да ја посети болницата за да ја покаже својата благодарност кон неверојатниот тим, но и да ја истакне водечката грижа и третман што го обезбедува болницата“, рече портпаролот на Кенсингтонската палата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни