Кејт Мидлтон со нова фотографија му го честиташе 11. роденден на принцот Џорџ

Фото: The Princess of Wales, 2024

По повод 11. роденден на престолонаследникот и првото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ, на официјалниот профил на принцот и принцезата од Велс беше објавен нов, црно-бел портрет на славеникот, традицинално фотографиран од принцезата од Велс.

Џорџ е сликан во темно одело и бела кошула како гледа директно во камерата. Принцот Џорџ е роден на 22 јули 2013 година во болницата Сент Мери во Падингтон, а само неколку часа по неговото раѓање, неговите родители позираа со него пред болницата.

Речиси формалната фотографија за 11. роденден на Џорџ покажува дека тој уште од сега се спрема еден ден да ја наследи монархијата во Обединетото Кралство.

Со полнењето 11 години, се менуваат дел од протоколите за Принцот Џорџ, па така тој веќе нема да смее да се вози со неговите родители во повоорките, туку ќе мора да патува одвоено.

Извор: Тпортал

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни