Кети Пери под истрага поради видео запис снимен на Балеарските острови

Кети Пери е под истрага поради снимање на спот на Балеарските острови, пишуваат медиумите. Одделот за животна средина при регионалната влада истражува дали Кети Пери и нејзиниот тим ги оштетиле заштитените дини на островот Еспалмадор.

Во видео записот на Кети Пери се гледа како пејачката танцува на различни лукации, вклучително и системот на дини на островот во заштитен простор.

Дините на Еспалмадор се најдобро сочуваниот систем на дини на Балеарските острови. Регионалната влада на својата туристичка веб страница наведува дека тие имаат огромна еколошка вредност.


Во спотот на Кети Пери се гледа како таа со екипата во еден момент влетува во заграденото подрачје.

Во истрагата се надеведува дека продукциската куќа не побарало потребно одобрување за снимање на музчкиот спот. Одделот за заштита на животната средина соопшти дека снимањето на музичкиот спот на таа локација претставува повреда на животната средина и дека треба посебна дозвола за снимање таму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни