Годишната анализа на отпадни води во европските градови покажа дека Загреб и Сплит се меѓу првите 20 по употреба на илегални супстанци. Кетаминот, кој чини само 40 евра по грам, бележи нагол пораст и во Хрватска – следејќи го европскиот тренд од 41 отсто повеќе. Стручњаците предупредуваат: станува збор за силна дисоцијативна дрога со разорни ефекти врз бубрезите и нервниот систем.
Анализата на отпадни води не лаже
Хрватскиот завод за јавно здравство и МВР ги презентираа резултатите од редовната анализа на отпадни води во европските градови. Загрепчаниte користат помалку кокаин отколку во 2024 година, но повеќе MDMA. Сплиќани, пак, бележат пораст на кокаин и пад на MDMA. И двата града влегуваат меѓу топ 20 европски градови по употреба на психоактивни супстанци. Марихуаната, амфетаминот и метаамфетаминот остануваат на слично ниво, додека кетаминот, кокаинот и MDMA се концентрирани викендите.
Зошто токму кетамин?
Фармакологот Роберт Ликиќ објаснува дека кетаминот го привлекува пазарот поради специфична правна ниша: производството не е забрането, бидејќи се користи во медицината и ветерината како анестетик. Тоа го прави полесно достапен и значително поевтин – 40 евра по грам наспроти 80 до 100 евра за кокаин. Метаамфетаминот е најскап со 120 евра по грам, додека марихуаната останува достапна по 10 до 15 евра.
Дисоцијација како „производ”
Психијатарот Анте Багариќ од болницата Врапче го опишува механизмот на привлечност: кетаминот предизвикува состојби блиски до халуцинации и дисоцијација – кај корисникот создава осет на одвоеност од сопствените мисли, чувства и перцепција. Токму тоа е атрактивно за искусни зависници кај кои другите дроги веќе не делуваат доволно силно. Нуспојавите се конкретни и сериозни: кетаминот особено ги разорува бубрезите, оштетува нерви и предизвикува постојана болка во екстремитетите или спазми.
Хрватска од „хероинска” кон „кокаинска нација”
Багариќ забележува драматична промена во профилот на пациентите кои доаѓаат на лекување. Пред неколку години, зависниците од кокаин биле реткост – еден до два месечно. Денес се речиси секојдневна појава. Паралелно, се зголемува и прифатливоста на употребата: во одредени општествени кругови дрогата станала дел од „стилот на живот”, при што викендот со психоактивни супстанци се доживува како одмор, а статусот се мери со квалитетот на набавената „стока”.