Кендрик Ламар ќе настапи на полувремето на Супербоул во 2025 година

Првиот рапер добитник на наградата Пулицер, Кендрик Ламар, ќе настапи на полувремето на Супербоулот во 2025 година, објавија од НФЛ и Епл Мјузик.
Фото: Kenny Sun/Flickr

Ова ќе биде втор пат повеќекратниот добитник на Греми и наградата Пулицер да настапува на еден од најпосакуваните музички настани, но ова ќе биде прв пат да биде главен изведувач, пишува Би-Би-Си.

„Рап музиката и понатаму е највлијателен жанр до денес. И јас ќе бидам тука да го потсетам светот зошто. За тоа ја добија вистинската личност“ рече Ламар.

Супербоул ќе се одржи на 9 февруари во Њу Орлеанс во „Цезарс Супердом“ и ќе се пренесува на Фокс. Продуцент на шоуто на полувремето ќе биде раперот Џеј Зи, кој исто така ги продуцираше последните пет настапи.

Ламар веќе настапуваше на полувремето на Супербоул, но не како соло уметник, туку како дел од настапот на Др Дре во 2022 година, кога ја делеше бината со Дре, Снуп Дог, 50 Цент, Мери Џеј Блајџ и Еминем.

Ламар е познат како еден од најинвентивните текстописци во хип-хопот. Во 2018 година стана првиот хип хоп уметник кој ја освои Пулицеровата награда за музика.

„Кендрик постојано ја докажува својата уникатна способност да создава посебни моменти кои ги редефинираат и на крајот ги разнишуваат самите основи на хип-хопот“, рече директорот за музика во НФЛ, Сет Дудовски.

Ламар се најде на насловните страници оваа година поради неговата јавна расправија со канадскиот рапер Дрејк, а двете ѕвезди објавија серија песни наменети за да се нападне другиот рапер, на почетокот од оваа година.

Супербоул е најголемиот спортски настан во Соединетите Држави. Привлекува десетици милиони гледачи и се емитува низ целиот свет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни