,,КЕНДИ“ – Награда за најдобра претстава на „Нишвил“

„На Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш, Р. Србија, жирито во состав Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, после изгледани шест претстави во натпреварувачката програма на џез театарскиот фестивал во Нишвил, донесе едногласна одлука. Наградата за најдобра претстава подеднакво се доделува на продукциите „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска на театарот „Златен Елец“ (Северна Македонија) и „Големиот спектакл на крајот на светот“ на театарот „Ен Вол“ (Сардинија, Италија).

Наградата за најдобро користена музика се доделува на претставата „Other People’s Shoes (A Place Where Empathy Lives)“, британско-српска копродукција.

Образложението на жирито е дека: Претставата „Кенди“ се издвои по својата вистинитост која дава надеж во можностите на современиот театар, особено затоа што ја создадоа млади актери чија енергија е невообичаено разорна, посветена и заразна. Повремено ја преминуваат границата меѓу изведувач и гледач, вовлекувајќи не во просторот на играта, што нè прави посвесна, поангажирана публика, а тоа е особено важно бидејќи се работи за општествено важна и чувствителна тема.

Музиката на Лука Тошев, која се изведува во живо, има деликатен интензитет, смисла за контраст, го зачувува просторот безбеден, со неизвалканата убавина во пеколот на зависноста, со која оваа претстава критички се занимава.

Ова е трета награда за „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, претходно претставата ги освои наградите: „Бранко Ѓорчев“ на истоимениот фестивал за дуодрама во Неготино и „Биш“ на фестивалот „Млад Отворен Театар“ во Скопје.

Во претставата играат актерите Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, музиката е на Лука Тошев

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни