Со појавата на Вимблдон, принцезата Кејт Мидлтон ги израдува сите, а поддршката која ѝ ја пружи публиката предизвика силни емоции кај неа.
Сепак, како што објавуваат британските медиуми, Кејт повторно ќе се повлече од јавноста за да ги продолжи лечењето.
„Таа нема да мора да биде во центарот на вниманието. Ќе биде со своето семејство или сама, за да ја сочува енергијата. Ќе ѝ треба доволно време за да се фокусира на опоравувањето“ пренесе Пипл.
Како што е објавено принцот и принцезата од Велс деновите ќе ги поминуваат заедно со нивните деца во Норфолк, поради што ги одложуваат сите патувања во странство, а единствено е познато дека на кратко ќе ги посетат кралот Чарлс и кралицата Камила во Шкотска.