Калас тоа го објави на Х по виртуелниот состанок на европските лидери за војната во Украина. Разговорот се одржа еден ден откако украинскиот претседател и неколку европски лидери се сретнаа со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Калас рече дека „единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен состанок беше очигледно“ и дека темите за безбедноста на Украина и санкциите против Русија беа високо на агендата за разговорите следната недела, кои ќе ги водат министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ.
„На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување или обврска. Затоа безбедносните гаранции мора да бидат силни и сигурни за да ја одвратат Русија од реорганизирање и повторно напаѓање“, напиша таа.